Порталите добија бесплатен пристап до МИА

13.09.2017 14:21

Македонската информативна агенција предизборно, следните три месеци на порталите ќе им овозможи бесплатен пристап до информациите. Првиот човек на Агенцијата, Драган Антоновски, посочи дека МИА сака на овој начин да бидат промовирани етичките норми и професионалните стандарди на медиумите, за што повистинито, пообејктивно и независно известување. Од СЕММ се придружуваат на оваа иницијатива, со повик до сите оние кои не ја потпишале повелбата, да го сторат тоа што побрзо...

Бесплатен пристап до информациите на порталите и на другите медиуми во следните три месеци до завршувањето на изборите ќе овозможи МИА, изјави првиот човек на Агенцијата, Антоновски.

Посочи дека медиумите се обврзани да постапуваат според Кодексот на новинарите на ЗНМ, на крајот на веста да го цитираат изворот МИА и да не ги вадат вестите од контекст.

Од Советот за етика ги повикаа медиумите кои не ја потпишале повелбата за етичко известување, да го сторат тоа што побрзо.

Иницијативата на МИА е поддржана од Здружението на новинарите. Ова е начин да се искратилизираат сами натрапниците во професијата, вели претседателот на ЗНМ, Селмани.

Селмани потврди дека ЗНМ останува на идејата да се формира правилник при СЕММ за порталите што ќе подразбира да се потпишуваат авторите, да има Импресум и да може да се прават исправки.

 

Фиљана Кока