Метео: Сончево и топло, температура до 33 степени

13.09.2017 14:47

Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Во Скопје утре до 32 степена.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне до 33 степени. Во Скопје утре до 32 степена.

Топлото време ќе продолжи и во наредните денови. За време на викендот се очекуваат максимални температури со надпросечни вредности кои на места ќе достигнат и до 37 степени.

 

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска