4% раст за европски стандард

13.09.2017 15:19

На догорочен план е можна реиндустријализација на македонското стопанство во услови кога индустријата од големите развиени земји се сели во помалите...

За 30 години македонските граѓани може да живеат со европски стандард, ако бруто домашниот производ во наредниот период изнесува четири проценти, а растот во ЕУ околу два насто. Странците и технологијата се добредојдени, но во фокусот на економскиот развој треба да бидат домашните компании, да се искористи странската побарувачка, активните мерки за вработување- оценува економскиот екперт Глигоров.

Макроекономската рамка и политиката на фиксниот денар се добро поставени, фирмите се прилагодени, но има простор за реформи во даночниот систем- стои во најновата студија на Виенскиот институт. Главните проблеми во изминатите три децении се лоцирани во невработеноста, затвореноста на стопанскиот систем, ниското ниво на извоз.

За развој и раст на вработувањата мора да има домашно вложување. На сугестиите од експерите, Владата на бизнис еснафот му вети- силно ќе се подржуваат домашните претпријатија, ќе се генерира квалитетен стандард за граѓаните, нема да се чекаат 30 години за европски просек на раст од четири проценти.

Сите индустрии мора да бидат извозно ориентирани, извозот да учествува со 50 проценти во БДП, ако не се порасне до 70 насто нема сериозен раст на економијата- пред македонските стопансвенции посочија од Владата.

 

Сузана Фиданска- Стоевска