Меѓународна научна конференција во Битола за Меѓународниот ден на науката

13.09.2017 15:37

„Образованието на крстопат- состојби, предизвици, решенија и перспективи“ е темата на која 32 експерти од десет земји ќе ги пртстават свиоте трудови на дводневната меѓународна научна конференција, што во Битола ќе се одржи на 10-ти ноември, Меѓународниот ден на науката. Настанот го организира нашето научно друштво во соработка со повеќе европски универзитети, а подржан е и од МАНУ...

Од дводневната Меѓународна научна конференција насловена „Образованието на крстопат- состојби, предизвици, решенија и перспективи“ треба да произлезат предлози и трудови за нови чекори на образованиот систем. На настанот кој е резултата на компаративни истражувања и темелни анализи за состојбите на образованието во поширокиот регион, ќе земат учество 32 експерти од десет земји. Ќе дискутираат на темите за предучилишното образование, одделенската и предметната настава, општото, стучното и високото образование и други актуелни состојби.

„Ќе стане збор за курикулумот, значајно прашање што сега се отвора во нашата држава, за легистлативата или законските решенија што се однесуваат на образованието, поставеност на образовниот систем, како и одредени дидактички решенија, улогата на наставникот и ученикот во образовниот процес и слично“, рече претседателот на програмскиот комитет, д-р Деан Илиев.

Научната конференција со која во Битола ќе се одбележи Меѓународниот ден на науката, ќе го организира нашето научно друштво во соработка со повеќе познати универзитети, а поддршка веќе доби и од МАНУ.

 

Стевче Митревски