Јункер: Ја вративме Европа во Унијата, и Унијата во Европа

13.09.2017 16:52

Претседателот на европската комисија, Жан Клод- Јункер, ја истакна стратегијата за развој на Унијата до крајот на неговиот мандат. Истакна пет приоритети, а за земјите од Западен Балкан побара Унијата да им овозможи кредибилитетен просперитет за членство. До крајот на неговиот мандат нема да има проширување.

Претседателот на европската влада Жан-Клод Јункер во својот гоидшен говор за состојбата во ЕУ, рече дека Унијта во последните години си ја врати довербата во себе.

„Ја вративме Европа во Унијата, и Унијата во Европа. Ветерот повторно дува во јарболот на Европа, континентот стана пообединет по одлуката на Британија да го напушти овој блок. Европа сега има голем прозорец на можности, но тој засекогаш не може да бид е отворен“, рече Јункер.

Во врска со европската перспектива на земјите од Западен Балкан, Јункер ја повика Унијата на овие замји да и овозможи кредибилитена перспектива за членство, додавајќи дека во иднина Унијата ќе има повеќе од 27 членки.

„Доколку сакаме да имаме постабилно соседство мора да понудиме и кредибилна перспектива за проширување на земјите од Западен Балкан. Во текот на овој мандат на Европската комисија и на Европскиот парламнет, нема да има нови проширувања, бидејќи условите за прием не се исполнети. Но, во иднина Унијата ќе има повеќе од 27 членки“, нагласи Јункер.

Јункер рече дека владеењето на правото во случајот на земјите од Западен Балкан, кои се наоѓаат во процесот на пристапување, останува приоритет во пристапните преговори, исклучувајќи го притоа приемот на Турција во блиска иднина.

Еропремиерот нагалси дека неговото сценарио за иднината на Унијата, ќе се темели врз три принципи- слобода, еднаковст и валдеење на правото и дека Комисијата во преосатнатите 16 месеци ќе се фокусира на јакнење на троговската програма, на новата индустриска стратегија и ќе обрне внимание во борбата против климатските пормени, како и во работата за миграциските прашања.

„Границите на Европската Унија денеска се побезбедни благодарение на договорот на Брисел со Анкара поради што бројката на нелегалните преминувања од Балканста рута е намален дури за 97 насто“, рече Јункер.

На крајот од својот говор Јункер порача дека Унијата не е тврдина, туку континет на солидарнста и ја упати уште еднаш пораката до сите змеји да ја покажат солидарноста и колективната ордговорност.

 

Мирјана Василева