Незаконски трошени средства од буџетот на АВРМ

13.09.2017 16:58

Трошени државни пари за лични и семејни потреби- директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска за екс-раководителката на градскиот Центар. Слободанка Алековска одговара- тоа се невистини, станува збор за политички реваншизам...

Користела две службени возила, трошела средства за патарини и паркинг- услуги надвор од работното време. За угостителски услуги правела повеќе сметки во износи над 6.000 денари во доцните вечерни часови и за време на викенди, а трошела и пари за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично. Новата директорка на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ја обвинува Слободанка Алековска, поранешна раководителка на Центарот за вработување на Град Скопје.

Алексовска во согласност со позитивните правни прописи е суспендирана од работното место, а како што информираше Јовановска, донесена е одлука за поведување на дисциплинска постапка и во тек е комплетирање на документацијата неопходна за поднесување кривична пријава за сторени кривични дела од Алексовска.

Алексовска ги негира обвинувањата и вели дека станува збор за политички реваншизам. Вели дека на 17-ти август добила известување кое што не е општ управен акт, со кое ѝ се доделуваат работни задачи пет нивоа пониски од решението за работа, а и се забрануваат да ги врши работните задачи кои произлегуваат од договорот за работа. На тоа е поднесен приговор до Државната комисија за спречување на корупција кое го смета за основан, и е отворен преднмет.

Алексовска додава дека во нејзината канцеларија и е извршен и насилен упад и вербален напад кој е регистриран во полициска станица и против сторителите ќе биде поведена постапка пред надлежните судови.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска