Законот за употреба на јазиците на пленарна седница

14.09.2017 08:02

Опозициската партија смета дека со ова решение се воведува двојазичност на целата територија на државата. Од парламентарното мнозинство, пак, уверуваат дека ова е само унапредување на правата на етничките заедници.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 15-тата седница на чиј дневен ред е Предлог- законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Вчера, пратениците на опозицијата бараа, но мнозинството не прифати законот да биде тргнат од дневниот ред поради, како што велат, низа прекршувања на Уставот.

Опозициската партија смета дека со ова решение се воведува двојазичност на целата територија на државата. Од парламентарното мнозинство, пак, уверуваат дека ова е само унапредување на правата на етничките заедници.

Минатата недела Комисијата за европски прашања даде зелено светло за Предлог- законот, кој беше со европско знаменце. Законот за употреба на јазиците помина и во Комисијата за политички систем.
На 15-тата собраниска седница треба да се разгледа и Предлог- законот за издавање вредносни бонови – ваучери, во прво читање поднесен од пратениците од опозицијата.

Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.