„Виноскоп“ од 20-ти до 24-ти септември

19.09.2017 16:56

Љубителите ќе можат да одберат од широкиот спектар вински сорти на десетици домашни винарници. Дневните забави ќе започнуваат во 17 часот, а за време на викендот посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12 часот напладне.

Утре почнува „Виноскоп“. Фестивалот се одржува на плоштадот Мајка Тереза, а ќе трае до 24-ти септември. Организаторите на најавуваат богата програма. Влезот е бесплатен.

Љубителите ќе можат да одберат од широкиот спектар вински сорти на десетици домашни винарници. Дневните забави ќе започнуваат во 17 часот, а за време на викендот посетителите ќе може да уживаат во дегустација на сортни вина и деликатеси од 12 часот напладне. Во овој период од денот, винарниците ќе имаат специјални промотивни цени за сите љубители на доброто вино и вкусните македонски деликатеси, велат организаторите.

Во вечерните часови ќе има музика за сечиј вкус, почнувајќи од џез и блуз, етно, свинг, фолк, рок, поп и ретро. Утре настапува Викторија Лоба, в четврток „Ај-кју“ и „Нокаут“, в петок Нина Јанева, во сабота Миле Кузмановски и „Куку леле“ и в недела „Баклава“ и „Министарке“.