Поништен тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола

26.09.2017 13:58

Причина е тоа што на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, додека во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот, стои во соопштението.

Поништен е тендерот за набавка на гумени ленти за потребите на РЕК Битола поради тоа што на последната аукција се понудени повисоки цени од планираниот буџет за нив, соопшти АД ЕЛЕМ.

Раководството на АД ЕЛЕМ донесе одлука да го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола. Причина е тоа што на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, додека во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот, стои во соопштението.

Од компанијата појаснуваат дека доколку нема жалби на одлуката и доколку одлуката за поништување на тендерот стапи на сила, тогаш веднаш ќе се пристапи кон распишување на нов тендер бидејќи гумените ленти се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи.

Вкупниот буџет планиран за сите четири лота изнесува 258.300.000,00 денари.

Од АД ЕЛЕМ информираат и дека предметот во врска со тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола сеуште е на одлучување кај Државната комисија за жалби по јавни набавки. Оттаму АД ЕЛЕМ очекува одлука и насоки како да постапи во врска со оваа јавна набавка.