Гугл слави 19 години од основањето

27.09.2017 14:18

На страницата на пребарувачот се нуди т.н. Гугл Дудл спинер со кој може да се избере игра која сакате да ја играте.

Гугл денеска слави 19 години и по тој повод одлучи да приреди голем број изненадувања.

На страницата на пребарувачот се нуди т.н. Гугл Дудл спинер со кој може да се избере игра која сакате да ја играте.

Интересно е што станува збор за многу стари, но се уште омилени компјутерски игри, како што е „Снејк“. Меѓу 19-те игри се и „Тic-tac-toe“, квизот „Earth Day“, „Пекмен“, но и „Halloween game“.

Инаку, Гугл е формиран во 1997 година кога неговите основачи Лери Пејџ и Сергеј Брин се запознале на Универзитетот Стенфорд и одлучиле да креираат систем со кој ќе ги организираат информацииите на Интернет. Канцеларијата ја отвориле во гаража и почнале да работат.

Денес Гугл има преку 4,5 милијарди корисници од околу 160 земји.