Почнува 42. Млад отворен театар

28.09.2017 10:38

Ќе настапат театри од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Србија, Холандија, Иран, Полска, Бугарија и домаќинот Македонија.

Осумнаесет претстави на репертоарот на 42-от Млад отворен театар што почнува денеска во Младинскиот културен центар и се одржува до 4-ти октомври.

Ќе настапат театри од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Србија, Холандија, Иран, Полска, Бугарија и домаќинот Македонија.

Покрај Младинскиот културен центар, претставите ќе се изведуваат и на сцените на Македонскиот народен театар, Театар Комедија, Кино Култура, Македоснакта опера и балет, Детскиот театарски центар и Мала Станица.