Почнува 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“

02.10.2017 11:03

До 12-ти октомври на фестивалот ќе настапат уметници од Србија, Италија, Хрватска, Португалија, Шпанија, Турција, Украина, Франција и од Македонија...

Со концерт на српскиот камерен оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград, и македонскиот виолинист Костадин Богданоски, вечер во Битола ќе почне 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“.

До 12-ти октомври на фестивалот ќе настапат уметници од Србија, Италија, Хрватска, Португалија, Шпанија, Турција, Украина, Франција и од Македонија, а еден фестивалски концерт ќе се одржи и во Велес.