Македонија нема кандидат за „Оскар“

02.10.2017 15:09

На одлуката на комисијата на Друштвото на филмските работници дека ниту еден од пријавените кандидати нема да ја претставува Македонија во трката за „Оскар“ од неанглиско говорно подрачје, реагираа продуцентот и режисерот на филмот „Златна петорка“. Според продуцентската куќа, овој филм залужува кандидатура, затоа што жнее награди на меѓународни фестивали...

Екипата на „Златна петорка“  реагира на одлуката на комисијата на Друштвото на филмски работници, годинава да немаме претставник во трката за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Образложението е дека не ги исполнуваат естетските и наративните критериуми. Продуцентската куќа на „Златка петорка“ од  Горан Тренчовски, смета дека е предмет на цензура. Процудентите побараа одлуката да се поништи.

Освен овој филм, пријавен беше и филмот „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевски.

 

Александра Спировска