Третиот филм од серијалот „Сексот и градот“ откажан поради една од протагонистките

03.10.2017 10:42

Имено, таа побарала прво да ги заврши сите свои други моментни проекти, иако овој ангажман за неа би бил најисплатлив. Продуцентите ги одбиле тие нејзини барања.

Снимањето на третиот филм од серијалот „Сексот и градот“ е откажано, наводно поради Ким Катрал, која го толкуваше ликот на Саманта.

Имено, таа побарала прво да ги заврши сите свои други моментни проекти, иако овој ангажман за неа би бил најисплатлив. Продуцентите ги одбиле тие нејзини барања.

- Единствена причина поради која овој филм не се снима, е Ким Катрал. Сите се израдуваа и едвај чекаа да почне снимањето, а Ким, како и секогаш, прави жртва од себе. Имаше храброст да дојде и да каже дека ќе се појави на сетот само под услов да ги заврши сите проекти во коишто моментно учествува. Што мисли таа, дека е Џорџ Клуни?, прокоментира неименуван извор од тимот.

Според него, сите останати се согласиле да бидат дел од тој проект, а некои дури и одбиле други понуди поради тоа.