БЕГ и ЕЛЕМ- Енергетика од утре ќе испорачуваат топлинска енергија

06.10.2017 13:03

Вчера Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека испораката на топлинска енергија може да почне и пред 15-ти октомври, поради пониската надворешна температура...

Утре „Балкан Енерџи Груп“ почнува со испорачување на топлинска енергија до корисниците. Иако новата грејна сезона почнува порано, во моментов во околу 200 објекти потрошувачите и заедниците на станари сè уште не ги исполниле своите обврски, за навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија.

Исто така и „ЕЛЕМ- енергетика“ почнува со дистрибуција на топлинска енергија. Парно греење порано од вообичаениот термин 15-ти октомври ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 воспитно- образовни институции и 75 деловни субјекти во скопските населби Железница, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Вчера Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека испораката на топлинска енергија може да почне и пред 15-ти октомври, поради пониската надворешна температура, за што компаниите веќе ги завршиле сите подготвителни активности во топлификацискиот систем.