Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт

06.10.2017 15:15

Настапот со вкупно 400 наслови од 250 автори е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а финансиски го поддржа Министерството за култура.

Октомври е традиционално месец на книгата. На Саемот на книгата во Франкфурт меѓу земјите учеснички е и Македонија. Настапот со вкупно 400 наслови од 250 автори е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а финансиски го поддржа Министерството за култура.

Во текот на саемските денови ќе бидат претставени пред се примероци од современата македонска книжевност, македонските автори кои веќе имаат објавено преводи на странски јазици, а фокусот на претставувањето ќе биде преведувањето на македонската книжевност на странски јазици, рече пртеседателот на Македонската асоцијација на издавачи Бојан Саздов.

Додаде дека ќе го потенцираат квалитетите на македонската книжевност, ќе работат на привлекување на интересот на странските издавачи и ќе го презентираат фондот на Министерството за култура за превод на македонска книжевност на странски јазици.

Саемот на книга во Франкфурт е најголемиот настан на меѓународната издавачката индустрија. Годинава ќе има околу 7.300 изложувачи од повеќе од 100 земји и околу 300.000 посетители.