„Електра“

Награда за Дарја Ризова на фестивал во Сараево

09.10.2017 15:52

Како што соопшти Македонскиот народен театар, одлуката била едногласна, а претседателот на жирито, хрватскиот театролог Дарко Лукиќ, истакнал дека иако се работи за млада актерка. Таа ги уверила со зрелоста преку начинот на кој ја реализирала особено сложената улога во рамки на режисерските барања.

Награда за најдобар млад актер за Дарја Ризова во Народниот театар во Зеница, Босна и Херцеговина, на 57-то издание на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС, каде Македонскиот народен театар гостуваше со претставата „Електра“ на Андриј Жолдак, за чија изведба актерката ја освои оваа престижна награда. МНТ со оваа претстава беше во официјалната програма со извонредни продукции од 12 земји.

Како што соопшти Македонскиот народен театар, одлуката била едногласна, а претседателот на жирито, хрватскиот театролог Дарко Лукиќ, истакнал дека иако се работи за млада актерка. Таа ги уверила со зрелоста преку начинот на кој ја реализирала особено сложената улога во рамки на режисерските барања.

Следната изведба на „Електра“ на матичната сцена е на 26 октомври во 20 часот.

Покрај тоа што за оваа изведба влезот за студентите е слободен, дирекцијата на МНТ одлучи во чест на наградата да им овозможи на сите гледачи слободен влез. Публиката  може да ги подигне билетите на билетарницата на МНТ, на денот на претставата од 14 до 19 часот, соопшти МНТ.