Македонија ќе биде домаќин на „Самит 100“

09.10.2017 15:59

Македонија ќе биде домаќин на бизнисмените од Југоисточна Европа. Во Скопје ќе се одржи Самитот 100. На маса ќе се најдат повеќе проекти за поврзување на земјите од регионот...

Проектот „Едисон“ на „Самит 100“ во Скопје. Со електрификација на патната инфраструктура до поголема употреба на електричните автомобили и помало загадување. Средствата за реализација обезбедени од ЕУ.

На 16-ти и 17-ти октомври бизнис-лидерите од регионот ќе се обидат да најдат различни форми на соработка за поголема конкурентност и заеднички настап на трети пазари. Еден од главните говорници на самитот е еврокомесарката за транспорт Виолета Булц.

Ова е 6-ти годишен собир. Досега преку иницијативата е реализиран проектот „Феникс“ за заеднички настап на градежните фирми од регионот во Арапските земји и Русија.

 

Сунчица Николоска