Помалку одобренија за градење во август

10.10.2017 13:41

Според податоците, предвидената вредност на објектите изнесува 3.182.494.000 денари, или за 23 проценти повеќе споредено со август минатата година.

Во август годинава се издадени 232 одобренија за градење, што е за 6,8 проценти помалку во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците, предвидената вредност на објектите изнесува 3.182.494.000 денари, или за 23 проценти повеќе споредено со август минатата година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 154 (66,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (8,6 проценти) за нискоградба и 58 (25 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 232 објекти, кај 161 (69,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 71 (30,6 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45.011 метри квадратни.