Северна Кореја: САД се обидоа да го убијат Ким Јонг- Ун

10.10.2017 16:26

Првото соопштение за обид за атентат со биолошко оружје од мај е надополнето со вмешаност на ЦИА.

Државната новинска агенција на Северна Кореја тврди дека Соединетите Американски Држави се обиделе да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун. Првото соопштение за обид за атентат со биолошко оружје од мај е надополнето со вмешаност на ЦИА.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека Вашингтон би можел да испровоцира ескалација на тензиите.

Претседателот Доналд Трамп, незадоволен од неуспехот на претходните администрации во Белата Куќа, потенцира дека има само едно решение за проблемот со Ким Јонг-Ун.

Во меѓувреме, Обединетите Нации воведоа глобална забрана за влез во пристаништа за четири севернокорејски бродови поради превоз на недозволена стока.