Меморандум за рестартирање на „Југохром“

12.10.2017 08:05

Целта е придонес во изнаоѓањето решение за надминување на состојбата на работењето на друштвото- велат од Владата.

Во Владата денеска ќе биде потпишан меморандум за разбирање за рестартирање на „Југохром“. Целта е придонес во изнаоѓањето решение за надминување на состојбата на работењето на друштвото- велат од Владата.

Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, Васко Скендеровски и претседателот на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, Бајрам Амити.