Пуџдемон има пет дена да се изјасни дали прогласил независност

12.10.2017 10:52

Премиерот Рахој изјави дека спорот со лидерот на автономниот регион Карлес Пуџдемон е најсериозната закана за четиридецениската демократија.

Шпанија го одбележува Денот на државата во период на влошени односи со Каталонија која одржа референдум за независност.

Премиерот Рахој изјави дека спорот со лидерот на автономниот регион Карлес Пуџдемон е најсериозната закана за четиридецениската демократија. Му даде пет дена да се изјасни дали прогласил независност или не, заканувајќи се дека ќе ја суспендира автономијата на регионот.

Со државниот празник се одбележува повторното обединување на Шпанија и пристигнувањето на Кристофер Колумбо на американскиот континент во 1492 година.