Астероидот „2012 ТЦ4“ мина крај Земјата

12.10.2017 11:11

Кога се движел крај Калифорнија, астероидот „2012 ТЦ4“ бил осум пати поблиску до нас отколку Месечината.

Габаритен астероид со тежина од 7 илјади тони и брзина од 17 километри во секунда ја одмина Земјата на растојание од 42 илјади километри. Кога се движел крај Калифорнија, астероидот „2012 ТЦ4“ бил осум пати поблиску до нас отколку Месечината.

Во 2013 година, небесно тело со слични параметри повреди 1.500 луѓе во Русија.  Експлозијата на астероидот кој пред 109 години го погоди Сибир, уништи површина од 2.000 квадратни километри.

Според статистиката таквите катастрофи се случуваат еднаш во 300 години.