КСС бара зголемување на платите во јавниот сектор, најавува протести

12.10.2017 12:26

Од синдикатот најавуваат протести пред надлежните институции...

Преговори за зголемување на платите во јавниот сектор согласно висината на минималецот и законски корекции за право на регрес за годишен одмор- бара Конфедерацијата на слободни синдикати. Најавуваат протести пред надлежните институции.

„Веднаш по завршувањето на локалните избори доколку надлежните органи и нивните претставници на локално ниво и дел од раководствата во јавниот сектор продолжат со досегашниот начин на кршење на правните документи, КСС ќе организирање протести пред надлежните државни институции кои се директни носители на споменативе состојби, ќе организира генерални штрајкови на ниво на јавниот сектор, вклучително генерален штрајк на национално ниво“, истакна претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Тој додаде дека дел од мерките ќе бидат и покренување на кривични постапки против сите оние кои досега имаат направено кривични дела, како и против оние кои евентуално истото би го направиле во следниот период, а ќе бараат да дојдат и претставници од меѓународните синдикални организации со цел на да ги согледаат и увидат состојбите.