ДКСК усвои три приговори од вработени во државната администрација

12.10.2017 12:52

Докторот во Здравствениот дом- Охрид, Горан Симјановски, треба да биде вратен на позицијата директор и финансиски компезиран. Агенцијата за вработување треба да ги поништи сите одлуки за разрешување и дисциплински мерки против вработената Слободанка Алексовска.

Државната комисија за спречување на корупцијата усвои три приговори од вработени во државната администрација, коишто нелегално биле разрешени и казнети за време на изборите.

Докторот во Здравствениот дом- Охрид, Горан Симјановски, треба да биде вратен на позицијата директор и финансиски компезиран. Агенцијата за вработување треба да ги поништи сите одлуки за разрешување и дисциплински мерки против вработената Слободанка Алексовска.

Антикорупциска го усвои и приговорот на Кирил Анчевски и наложи на Владата да ја поништи паричната казна во износ од 30 проценти од плата на вработениот службеник.