37 жртви во поплави и свлечишта во Виетнам

12.10.2017 13:12

Смртни случаи биле регистрирани во шест провинции, откако неделава голем дел од Виетнам го зафатија обилни врнежи.

Најмалку 37 лица загинаа, а 40 се водат како исчезнати по поплавите и свлечиштата во северниот и централниот дел на Виетнам. Смртни случаи биле регистрирани во шест провинции, откако неделава голем дел од Виетнам го зафатија обилни врнежи. 

Состојбата е најлоша во северниот регион  Хоа Бин каде што има 11 загинати и 21 исчезнато лице.