Судир на демонстранти во Барселона

12.10.2017 15:23

Според медиумите, не е познато што го предизвикало насилството, ниту пак кој учествувал во него...

Две помали групи се судриле во Барселона додека се вжештува протестот на илјадници приврзаници на заедништвото на Каталонија и Шпанија. Според медиумите, не е познато што го предизвикало насилството, ниту пак кој учествувал во него.

Инаку Шпанија денеска го одбележува Денот на државата во период на влошени односи со Каталонија, која одржа референдум за независност.

Премиерот Рахој изјави дека спорот со лидерот на автономниот регион, Карлес Пуџдемон е најсериозната закана за четиридецениската демократија.

За време на парадата по повод празникот се урна воен авион, при што загинал пилотот. Авионот паднал во близина на воена база во Албасет.