Ахмети: ДУИ ги исполнува ветувањата

12.10.2017 16:01

Демократската унија за интеграција на средби со граѓани во Тетово, откако одржа митинг во Гостивар. Лидерот на партија Али Ахмети и кандидатот за градоначалник Невзат Бејта ги уверуваа жителите дека ќе ги исполнат ветувањата.

Демократската унија за интеграција, програмската платформа за локалните избори што ќе се одржат в недела ја претстави пред жителите на Гостивар. Претседателот на партијата Али Ахмети и кандидатот за градоначалник Невзат Бејта беа информирани за текот на кампањата.

„Не се прави експеримент со историски процеси, со општествено- политички процеси. Јас не велам дека се е остварено, има уште многу работа да се направи, но човекот треба да има одговорност и достоинство. Ова е напишано и во предизборната програма и Бејта треба да даде одговор за ова после четири години. И јас треба да дадам одговор бидејќи стојам зад ова, заедно со извршната власт и пратеничката група. Не сакам никој да се разочара, исто како што досега не се разочарал ниту еден Албанец. Посакувам изборите да бидат слободни, фер и демократски. Сите постигнувања во последните 16 години се резултат на работата на Демократската унија за интеграција. Давам гаранција за доследно спроведување на плановите на „утрешен Гостивар“ што ги ветува Бејта“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта најави проекти што ќе ги подобрат условите за живот во населените места близу до гостивар и ќе го заживеат тој крај.

„Како поважни инвестиции кои се предвидени во предизбораната програма се асфалтирање на локалниот пат Симница - Церово, реконструкција на водоводната во Горна Ѓоновица, нов пат од Падалиште до Ќафа, подобрување на водоводната мрежа на Сушица“, нагласи Бејта.

Своите проекти ги претстави и кандидатот за градоначалник на Тетово, Теута Арифи. Вели најважен проект е гасификацијата. Арифи потсети дека во изминатиот мандат го решила најгорливиот проблем во градот со водата за пиење. Рече оти е изградена пречитителна станица и е подобрена патната инфраструктура.

 

Андријана Атанасовска