Ердоган до САД: Немаме потреба од вас

13.10.2017 10:18

САД се обидуваат да ја турнат Турција на колена со примена на валкани планови и со помош на терористички органмизации- вели турскиот претседател.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати остри критики кон САД, обвинувајќи ги за заговор против Турција. Според него, САД се обидуваат да ја „турнат Турција на колена со примена на валкани планови и со помош на терористички органмизации“.

Ердоган најави и дека во иднина турската полиција повеќе нема да носи пиштоли од американско производство, туку полицијаците ќе бидат опремувани со оружје произведено во Турција.