Почина професионален војник по гаснење пожар на Криволак

13.10.2017 10:20

35-годишниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило бил однесен во неготинската болница...

Професионален војник починал синоќа во Здравствениот дом во Неготино, откако претходно со своите колеги учествувал во гасење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од единица на АРМ.

35-годишниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило бил однесен во неготинската болница, бил реанимиран, но сепак за кратко време починал, соопшти Генералштабот на Армијата. 

Телото е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.