Десет години без Тоше, наскоро нов албум со негови песни

16.10.2017 10:26

Фондацијата „Тоше Проески“ најави нов албум кон крајот на ноември и почетокот на декември со песни на Тоше снимени на англиски јазик во студиото на Енди Рајт во Лондон.

Десет години без Тоше- сеќавање на денот кога го загуби животот во сообраќајна несреќа на пат кон Загреб. Традиционално и овој пат почнат е маратонот од Нова Градишка, Хрватска што треба денеска напладне да заврши во неговото Крушево.

Фондацијата „Тоше Проески“ најави нов албум кон крајот на ноември и почетокот на декември со песни на Тоше снимени на англиски јазик во студиото на Енди Рајт во Лондон. На албумот ќе има шест песни, меѓу кои и „Light the Flame“ која беше промовирана на 5 октомври на манифестацијата „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше". На албумот ќе има и неколку преработки на стари хитови на Тоше.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но, албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран.