Македонија напредуваше 18 позиции на ФИФА рејтинг листата

16.10.2017 12:35

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на ремито со Италија (1:1) во Торино и победата над Лихтенштајн (4:0).

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од дури 18 места на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. Македонија сега се наоѓа на 85. Позиција со 410 поени.

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на ремито со Италија (1:1) во Торино и победата над Лихтенштајн (4:0).

Од репрезентациите кои беа противници на Македонија во квалификациска група за СП 2018, Шпанија се наоѓа на осмото место, Италија е 15.та, Албанија 71-ва, Израел се наоѓа на 82.место, додека Лихтенштајн е на 187. место.

Лидер е Германија, а во ТОП 10 уште се и: Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.

Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација ќе го изврши на 23 ноември.