Врвни имиња на Скопски џез фестивал

16.10.2017 16:01

Скопје подготвено за 36-то издание на џез-фестивалот. Ќе се одржи од 19-ти до 22-ри октомври. Освен врвни имиња од САД, Европа и од Африка, годинава проекции и на филмови...

Актуелни и врвни имиња во џез-музиката од САД, Европа и од Африка, најавуваат од Скопскиот џез-фестивал за 36-то издание, кое ќе се одржува од 19-ти до 22-ри октомври. Во четирите главни вечери, концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар и во Кино Фросина.

Ексклузивно, за единствен европски концерт, од Чикаго, доаѓа една од најдобрите џез- пејачки во светот, Ди Александер. Во иста вечер, ќе настапат две легендарни имиња од САД- Марк Рибо и Стив Колмен.

На годинашниот Скопски џез- фестивал ексклузивно ќе има посебна дополнителна програма составена од проекции на документарни филмови.

 

Александра Спировска