Јавна дебата за Нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022

18.10.2017 09:48

Најавено е обраќање на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а советникот Златко Теодосиевски ќе ја претстави подобрената верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018-2022.

Министерството за култура во Музејот на современа уметност организира јавна дебата за Нацрт-стратегијата за развој на културата на Република Македонија за периодот од 2018 до 2022 година.

Најавено е обраќање на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а советникот Златко Теодосиевски ќе ја претстави подобрената верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018-2022.

Сите присутни во неколку панел групи по дејности ќе може да ги споделат своите идеи околу идната стратегија во културата за наредните пет години.