Две изведби на балетот на мраз „Оревокршачка“ на 4-ти декември

26.10.2017 11:35

Билетите за претставата од 20 часот се веќе распродадени, така што е одлучено истата вечер да има уште една претстава со почеток во 22 часот, соопшти продукцијата која го организира гостувањето.

Балетот на мраз „Оревокршачка“ од Чајковски на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург на 4-ти декември во Македонската опера и балет ќе има две изведби поради голем интерес од публиката.

Билетите за претставата од 20 часот се веќе распродадени, така што е одлучено истата вечер да има уште една претстава со почеток во 22 часот, соопшти продукцијата која го организира гостувањето.

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ги спојува балетската уметност и уметничкото лизгање како најелегантен спорт. Основан е во 1967 година од балетскиот кореограф Константин Бојарски. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е познатиот руски диригент Лео Коркин.

Минатата година Балетот гостуваше во МОБ со „Лебедово езеро“ од Чајковски.