Награда за Никола Ристановски на фестивал во Србија

30.10.2017 11:02

Наградата ја доби за улогата Иванов во истоимената претстава по текст на Антон П. Чехов, во продукција на Народно позориште Белград. Ова е негова 48 награда...

Никола Ристановски доби награда за најдобар актер на 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“ во Србија. Наградата ја доби за улогата Иванов во истоимената претстава по текст на Антон П. Чехов, во продукција на Народно позориште Белград. Ова е негова 48 награда.

Како што соопшти МНТ, стручното жири, во состав: Слободан Савиќ (претседател на жирито и театарски критичар), Душан Белача (писател) и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да му се додели на Никола Ристановски.

Оваа претстава во јуни годинава гостуваше и го затвори 4. Меѓународен фестивал МНТ Фест во Скопје. Режијата и адаптацијата се на Татјана Мандиќ-Ригонат. На матичната сцена во Белград претставата премиерно е изведена во октомври минатата година.