Тринаесет концерти на Есенските музички свечености

31.10.2017 14:46

Есенски музички свечености, колаж од различни бои и ритми и 13 концерти на врвни уметници од земјава и од шест европски држави, до крајот на ноември во главниот град...

Колаж од различни ритми и форми годинава ќе ги краси 13-те концерти на Есенските музички свечености. Во Скопје манифестацијата ќе биде обоена низ настапите на странските и на домашните уметници.

Публиката ќе има можност во ноември да ужива во изведбите на уметниците од Словачка, Турција, Шведска, Словенија, Србија, Унгарија и Македонија.

На повеќето концерти, влезот на Есенските музички свечености кои ќе траат до 30-ти ноември ќе биде слободен.

 

Анита Никушева – Јованчев