Јубилејна ретроспективна изложба „Петар Мазев, 90 години од раѓање“

31.10.2017 15:44

„Петар Мазев, 90 години од раѓање“ - во Даут Пашиниот амам во наредните три месеци ќе бидат изложени делата на еден од најеминентните македонски академски сликари. Ќе се промовира и монографско издание посветено на неговите живот и дело...

Изложба на дела кои прават пресек на творештвото на Петар Мазев, следејќи ги неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50-тите години од минатиот век, сѐ до неговата смрт во 1993 година. Дела кои на ликовната јавност се малку или воопшто не се познати, дела кои малку или воопшто не биле изложувани. Тие условно следат временски дискурс следејќи го неговиот развоен пат како автор и ослободувањето на неговиот гениј.

Поставени се околу 70 дела работени во разни техники на платно и панел. Изложбата има и монографско издание на 240 страници.

Отворањето на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ е на втори ноември, и ќе биде достапна за посетителите до средината на јануари.

Ана Јосифоска- Тодоровска