ЕКСКЛУЗИВНО: „Сенки над Балканот“ - нова играна серија во македонскиот етер

01.11.2017 12:58

Македонската телевизија и Скопје филм студио во копродукција на мега популарната- „Сенки над Балканот“.

Секоја недела, во најгледаниот термин на Македонската телевизија, во 20 часот и 45 минути, по една премиерна епизода од балканскиот хит серијал, со реприза во сабота, во 23 часот.

Во серијата Драган Бјелогрлиќ се јавува како режисер, продуцент и како сценарист, три исклучително сериозни задачи, кои вонредно успешно ги исполнува. Првата епизода имаше своја промоција на Сараевскиот филмски фестивал и на фестивалот Браќа Манаки, каде што беше пречекана со воодушевување и дека одамна не е видена ваков вид на продукција.

Оние кои ги виделе првите две епизоди велат дека се работи за продукција која потсетува на најдобрите современи светски серии. Во серијата провејува постмодернистичка комбинација на трилер и драма, спој на фикција и историски настани, а се среќаваме и со многу автентични ликови.

„Сите овие ликови се во функција на драмскиот заплет“, вели Бјелогрлиќ и додава дека серијата е снимана во Србија, Македонија и во Русија.

Балканот како простор, кој е крстосница на висока политика, локални интереси, капитал и криминал е амбиент во кој се случува дејството на оваа серија. Снимањето на серијата се одвивало од октомври 2016-ти до јуни 2017-ти.

Продукцијата е на Радио- телевизија Србија, Кобра Филм, а улоги: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Александар Галибин, Андреј Зибров, Милош Тимотијевиќ.

Осмата епизода е во режија на македонскиот Игор Иванов-Изи, а од актерската екипа дел се и македонските актери: Тони Михајловски, Петар Мирчевски, Никола Ристановски, Јана Стојановска.

20-те години на минатиот век. Многу ликови, политичка позадина, историска фикција помешана со жанровите трилер и мистерија. Експлицитни сцени на насилства, убиства, секс, дилање на дрога и конзумирање на истите и... серијата полека „почнува да не вози“.