Богата програма на „Синедејс“

02.11.2017 15:04

Од 9-ти до 29-ти ноември во скопското кино „Милениум“ ќе се одржи манифестацијата „Синедејс“. Годинава на програмата ќе бидат прикажани 135 долгометражни филмови, ќе бидат изведени седум концерти, а ќе бидат организирани и четири работилници...

135 филма во повеќе категории, 20 наслови на гала- програмата со звучни режисерски имиња и остварувања, наградени на престижни фестивали, 14 филма во две натпреварувачки програми- официјална и Синебалкан, музички документарци, шведски филмови, кратки и студентски трудови, концерти и работилници. Организаторите на годинашниот „Синедејс“ најавија богата програма. Фестивалот почнува на 9-ти ноември.

Речиси од сите натпреварувачки филмови ќе има гости од екипите кои по проекциите ќе разговараат со публиката. Има и награден фонд, по 300 илјади денари за најдобриот филм во официјалната селекција и во Синебалкан, а ќе се доделат награди и за најдобра филмска критика.

Ана Јосифоска- Тодоровска