Трета јавна дебата за стратегијата за култура

08.11.2017 16:33

Трета јавна дебата за предлог- текстот на Стратегијата за културата. Отворена дискусија за предлозите и проблемите. Од надлежното министерство велат дека е потребен реален пристап...

Дебата на културните работници за нацрт- текстот за Стратегија во културата за наредните пет години. Од Министерството за култура велат- треба да се има реален пристап, а не тоа да претставува список на желби.

Ново во Националната стратегија за културниот развој 2018 – 2022 година е тоа што ќе им се посвети особено внимание на децата, односно на лицата со посебни потреби, потешкотии во развојот или со последици од потешкотии во развојот, деца и малолетници без родители, самохрани родители.

Авторите велат, оти Министерството за култура носи проекти, а од друга страна Министерството за информатичко општество и администрација има закон со кој се намалуваат квотите во кои може да се пласираат тие проекти.

Од Министерството за култура со став дека легислативата треба да се усогласи со директивата на Европската унија за аудиовизуелни медиумски услуги.

Потребна е анализа за да се види како да се предложат одржливи начини за застапување на културата. Според нив, ваквиот тип на средби се најдобри за да се изнајдат решенија за проблемите.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска