Битола

Од почетокот на идната година треба да стартува Националната стратегија за културен развој

09.11.2017 16:17

Во Битола се одржа првата од четирите предвидени јавни дебати во рамките на проектот Дебати на тема „Национална стратегија за културата 2018- 2022 година“. Проектот го имплементира Јадро- Асоцијација на независна културна сцена во соработка на Министерството за култура. Националната стратегија треба да биде готова и усвоена во текот на идниот месец...

Преку јавни дебати се гради нова четириодишна Национална стратегија за културен развој. Со цел конструктивно креирање на истата, во дебатите се вклучени сите засегнати страни. Раководителите на културните установи велат дека за нив оваа можност е добредојдена и има што да кажат.

„Ова е одлична шанса затоа што во изминатите години културните работниции немаа ваква шанса да понудат кои делови да ги опфаќа таа национална стратегија и што тоа ќе значи за нивните институции или граѓани“, вели в.д. директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ.

Носењето на новата стратегија треба да помини низ неколку фази. Во првата фаза ќе се направи една посериозна деконтаминација на културниот простор кој што беше загаден од разни импровизации и манипулации, по што ќе следи финалниот документ, велат иницијаторите.

„Во следните фази ќе се сите законски и подзаконски акти и ќе се заземе од страна на Министерството кое досега беше само во улога на наредбодавател, и со јавните пари располагаше на мистериозен начин“, вели претседателот на Советот за култура, Ѓунер Исмаил.

„Сите позначајни дебати ќе бидат земени во предвид и се надевам дека ќе најдат место во финалната фаза, а исто така нашата асоцијација има предвидено и јазична експертиза“, вели првиот човек на „Јадро“, Јане Чаловски.

Финалната верзија треба да биде усвоена во текот на идниот месец. Претседателот на советот, Исмаил рече дека неможе да преадуцира дела некои манифестации ќе претрпат измени, сѐ додека темелно не се испита. Според него, сето тоа треба да биде избалансирано и со финансиските можности, затоа што голем дел од средствата ќе одат на оптплата на долговите направени од претходната гарнитура.

Стевче Митревски