Поскапуваат бензините и дизелот

13.11.2017 13:07

Цената на бензинот од 95 октани ќе биде повисока за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 66,5 денари. За три денари поскапува бензинот од 98 октани, па новата цена е 68,5 денари. За два денара нагоре и цената на дизелот, на 54 денари за литар.

Горивата поскапуваат од полноќ. Цената на бензинот од 95 октани ќе биде повисока за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 66,5 денари. За три денари поскапува бензинот од 98 октани, па новата цена е 68,5 денари. За два денара нагоре и цената на дизелот, на 54 денари за литар. Поскапуваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Новите цени во просек се за 7,77 проценти повисоки во однос на досегашните. Од регулаторната комисија за енергетика велат дека се зголемила цената на суровата нафта на светските берзи, а повисок бил и курсот на денарот во однос на доларот.