ММФ: Македонија годинава со раст од 1,9 отсто- догодина 3,2 проценти

13.11.2017 13:11

Oд ММФ наведуваат дека буџетскиот дефицит ќе се зголемува, а стапката на невработеност за две години ќе се намали до 23 проценти.

Меѓународниот монетарен фонд ја ревидираше прогнозата за Македонија. Проекциите се дека годинава наместо 3,2 насто, ќе имаме економски раст од 1,9 проценти. За следната година, пак, монетарците предвидуваат позитива од 3,2, а во 2019-та од 3,4 проценти.

Меѓу другите очекувања, од ММФ наведуваат дека буџетскиот дефицит ќе се зголемува, а стапката на невработеност за две години ќе се намали до 23 проценти.

ММФ во регионалниот економски извештај објавен денеска, наведува дека инфлацијата во Македонија годинава ќе биде 0,3 отсто, наредната 2,6, а во 2019 година 1,9 отсто.