ЕУ ја формира заедничката одбрана

13.11.2017 13:24

ПЕСКО или Постојана обликувана соработка е одбранбена компонента со која ќе командува Европскиот совет.

Шест децении по основањето, Европската унија се одважи да ја формира заедничката одбрана. ПЕСКО или Постојана обликувана соработка е одбранбена компонента со која ќе командува Европскиот совет.

Брисел станува глобален играч, 20 земји на ЕУ веќе предложиле 50-тина проекти. Ова нема да влијае врз Евро-атлантската соработка, тврди шефицата на европската дипломатија и одбрана.