Македонија меѓу корисниците на „Креативна Европа“

13.11.2017 15:39

Македонија е над просекот по учеството во „Креативна Европа“, меѓу земјите кои не се членки на ЕУ. Од 2014-та, 28 македонски организации користеле средства за проекти за културна соработка. На земјите- членки и на кандидатките на располагање им се милијарда и 450 милиони евра. Министерот Алаѓозовски уверува дека ќе работат на олеснување на пристапот кон програмата.

Во новата седумгодишна програма „Креативна Европа“ на земјите- членки и на кандидатките им се ставени на располагање вкупно милијарда и 450 милиони евра. Македонија треба да искористи дел од овие пари.  Министерот за култура уверува дека ќе работат системски за да ја зголемат мотивацијата кај културните оператори за учество во европските проекти.

Амбасадорот Жбогар нагласи дека 2018-та е прогласена за година на заштита на културното наследство.

Алаѓозовски ги наведе досегашните резултати на македонските оператори од културниот и од аудиовизуелниот сектор. Во издаваштвото, Македонија е меѓу првите шест земји корисници, заедно со Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија и Словенија.

Македонија е над просекот во однос на учеството во овие програми, иако не е лесно да се повлечат средствата – рече Карел Бартак, раководител на Секторот за култура во надлежната агенција при Европската комисија.

Александра Спировска