Франција ја одбележа втората годишнина од нападите во Париз

13.11.2017 15:42

Координираните напади се случија во концертна сала, кафулиња, ресторани и стадион.

Франција ја одбележа втората годишнина од нападите во Париз, во кои припадниците на Исламска држава усмртија 130 луѓе. Координираните напади се случија во концертна сала, кафулиња, ресторани и стадион.

Свечени церемонии се одржаа на сите локации, а претседателот Емануел Макрон се сретна со семејствата на жртвите.