Тевдовски: Задолжувања на странски пазари само со поволни камати

13.11.2017 16:49

Каматната стапка е клучна за странското задолжување- објаснува министерот за финансии Тевдовски. Со предлог- буџетот за в година е предвидено преку заем на домашниот и на странскиот пазар да се обезбедат околу 470 милиони евра за финансирање на дефицитот. Опозицијата обвини дека владата планира да ги задолжи граѓаните за речиси милијарда евра...

За покривање на буџетската дупка и за финансирање на досепаните стари долгови, владата планира в година да се задолжи 854 милиони евра. Проектира, преку аукции на домашниот пазар да земе речиси три милиони, од странски извори да позајми 566 милиони. Министерот за финансии тврди, каматната стапка ќе биде клучна за издавање на еврообврзница. Се прават анализи, сега пазарот е конструктивен, каматите се поволни, очекувањата се дека ќе се зголемат- посочува Тевдовски.

„Очекувањата се дека дека со оглед што и ФЕД почна да ја затега политиката, на меѓународниот пазар ќе почнат да се зголемуваат каматните стапки, тоа прави да милсиме дека е време да се излезе со еврообврзница, бидејќи не е исто да се издаде со камата 3, 4 или 5 или 20 насто, значи ќе донесеме одлука за излегување на меѓународниот пазар, само ако граѓаните за тоа платат ниска каматна стапка“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Годинава не беше издадена еврообврзница, државава успешно се финансираше од домашниот пазар, тврди Тевдовски. Се огласи опозициската ВМРО- ДПМНЕ. Велат владата планира в година да ја задолжи државата за една милијарда евра.

„Владата на СДСМ планира да ја задолжи државата наредната година за близу една милијарда евра. Една милијарда евра ќе бидат задолжени македонските граѓани и идните генерации. Една милијарда евра поради задолжување и една просечна плата помалку за семејствата поради воведување на повисока акциза за нафтата“, вели Лилјана Кузмановска од ВМРО- ДПМНЕ.

Следната година во буџетската каса е проектирано да се соберат 3,14 милијаради евра, да се одлеат 3,44 милијради. Предлог- проекцијата е пред народните избраници. Повеќе пари има за плати, пензии, за капитални инвестиции.

Најлоша грешка што може да се направи при управување со долгот е да се влезе во процес на нивно кратење или отпуштање вработени во јавната администрација, наместо да се решава со раст на економијата, на промоцијата на книгата „Патот напред“ во една од колумните Тевдовски се присети дека напишал пред повеќе од една година. Сега, вели, го потврдува ставот дека доброто управување со јавниот долг мора да има одговорност за каматната стапка по која се прави задолжувањето, за која треба да се настојува да биде пониска или барем приближно еднаква на растот на економијата.

Сузана Фиданска Стоевска