Меј: Велика Британија и сојузниците заедно ќе се борат против активностите на Русија

14.11.2017 10:41

Меј го обвини рускиот претседател Путин за анексијата на Крим, за судирите во Источна Украина, за непочитување на европскиот воздушен простор...

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници, заедно ќе се борат против активностите на Русија, кои според неа, претставуваат закана за меѓународниот поредок.

Меј го обвини рускиот претседател Путин за анексијата на Крим, за судирите во Источна Украина, за непочитување на европскиот воздушен простор и за кибернетичка шпионажа.