Снежен бран го зафати Балканот

14.11.2017 11:39

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот во Словенија, Хрватска и БиХ, а за Црна Гора е издаден „црвен“ метео аларм.

Студено време со снежни врнежи го зафати северозападниот дел на Балканскиот Полуостров. Снегот предизвика проблеми во сообраќајот во Словенија, Хрватска и БиХ, а за Црна Гора е издаден „црвен“ метео аларм.

Во Сараево во текот на ноќта паѓаше снег, а метеоролозите најавуваат тие да продолжат и следните денови.

Снегот во Хрватска, направи проблеми во сообраќајот. Поради силните ветрови затворени се и бродските линии.